Кумановски основни и средни училишта се вклучија во акцијата „Македонија без отпад“

Од:

Ученици од кумановските основни и средни училишта денеска собираа отпад во училишните дворови, со што се вклучија во акцијата „Македонија без отпад“ која ја спроведуваат Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата „Ајде Македонија“.

Во Гимназијата „Гоце Делчев“ дворот го чистеа 80 ученици кои се дел од еколошките тимови. Од училиштето велат дека традиционално се вклучуваат во оваа акција, која е многу корисна во подигање на еко свеста на учениците.

– Акцијата се спроведуваше од 9 до 11 часот, се ангажиравме околу расчистување на дворот на училиштето и подигање на еколошката свест кај учениците. Ние и на класните часови одвојуваме време за да ја подигнеме еко свеста кај учениците. Секоја година се вклучуваме во оваа акција, како и во одбележување на Денот на пролетта, садиме садници, рече Соња Тодоровска, помошник директор во „Гоце Делчев“.

Во основното училиште „Кочо Рацин“ три дена по ред се собира и селектира смет, а во акцијата се вклучени ученици, наставници, родители и соседи кои живеат кај училиштето.

– Посебен акцент беше ставен на последниот ден од работната недела кога учениците по голем одмор го собираа и селектираа отпадот направен после ужина во пластични кеси, со цел да осознаат колку количински се создава отпад само за еден голем одмор, вели Ивана Ѓорѓиевска, библиотекар во „Кочо Рацин“.

Во основното училиште „11 Октомври“ покрај собирање отпадоци, имаше и едукативно предавање.

Во Земјоделското училиште „Киро Бурназ“ дваесетина ученици ја средуваа тревата и собираа хартија и ќеси од училишниот двор.

Оваа година општина Куманово во акцијата се вклучува со чистење на речните корита на Кумановка, Којнарка и Липковка за да се избегнат поплави во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза