Со повеќе активности на ученици и вработени од ОУ „Климент Охридски“ во Облешево, Општина Чешиново Облешево се вклучи во кампањата „Македонија без одпад“.
– Акцијата ја реализиравме во кругот на нашето училиште во Облешево, како и во Подрачните основни училишта во Бање,Теранци и Чифлик. Се собираше одпадната хартија, се чистеа дворовите. Со ова сакаме да се подигне свеста на учениците и граѓаните за придобивките од здравата животна средина и да влијаеме на навиките и однесувањето на другите, изјави Катерина Постолова, координатор на проектот од Општина Чешиново Облешево.
Во акцијата на учениците и наставниците од ОУ„Климент Охридски“ од Облешево се вклучија и вработените од Јавното претпријатие „Облешево“ кои учествуваа и во чистењето на одпадот во паркот во населеното место Чешиново.