Германскиот канцелар Ангела Меркел вечерва во Париз изјави дека досега целосно не е спроведена ниту една точка од Договорот од Минск, врз основа на кој беше прогласен прекин на огнот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во реонот на Донбас.
– Ниту една од страните целосно не исполни ниту една точка од Договорот. Целосно не е повлечено ниту тешкото оружје (од линијата на фронтот), изјави Меркел по завршувањето на средбата на „Нормандиската четворка“, која покрај неа ја сочинуваат и претседателите на Франција, Русија и Украина, Франсоа Оланд, Владимир Путин и Петро Порошенко.
Таа сепак нагласи дека и покрај неисполнувањето на обврските од двете страни, постигнат е извесен наредок во процесот.
– Постигнат е напредок, Двете страни се приближија една кон друга, рече Меркел на заедничката прес-конференција со Оланд.
Францускиот претседател од своја страна изјави дека процесот на спроведување на Договороѕ од Минск ќе потрае подолго од планираното.
– Два заклучоци што можеме да ги извлечеме од денешната средба се дека создавањето на „Нормандискиот формат“ беше исправно решение и дека (Договорот од) Минск функционира. Работиме во рамки на Договорот и сите учесници сакаат негово спроведување, рече Оланд.
Тој воедно најави и дека локалните избори во источна Украина, што беа најавени за 18 окотмври, ќе бидат одложени и нема да се одржат во текот на оваа година.