Пет девојки бомбаши самоубијци извршија напад врз џамија во Маидугури

Од:

Пет млади девојки, бомбаши-самоубијци извршија терористички напад врз џамија во нигерскиот град Маидугури, соопштија безбедносните власти во Нигерија.

Во бомбашкиот напад, се убиени најмалку 11 лица, а други 39 се повредени.Загинаа и пете девојки кои го извршија нападот.

Младите терористки се вовлекле меѓу верниците во џамијата во градот, каде луѓето се подготвувале за вечерната молитва и ги активирале експлозивните направи, поставени на нивните тела.

Претставник на армијата соопшти дека бомбашки напад е извршен и врз куќата на еден локален верски лидер.Властите стравуваат дека бројот на жртвите во нападите ќе биде многу поголем.

Пред  две недели, во Маидугури беше извршен сличен ваков напад, во кои загинаа повеќе од 100 лица.

Овој нигерски град се наоѓа во сојузната држава Борно, во североисточниот дел од земјата, на границата со Чад и Нигер.

Маидугури е градот во кој милитантната исламистичка група Боко Харам ја имаше својата прва база и каде пред шест години ја почнаа својата вооружена и терористичка кампања.

Околу 17 ијади лица се убиени од 2009 година, па до сега.Нападите на терористите од Боко Харам се засилија откако во мај беше избран претседателот Мухамаду Бухари, кој во текот на својата кампања најавуваше пораз на бунтовниците и прекин на тероризмот во Нигерија.

Бохо Харам е формирана во 2002 година, како исламска група која спротивставува на западниот стил на образовани.

На јазикот Хауса, Боко Харам значи „Западното образование е забрането“,

Од пред шест години, групата почна со оружени напади врз армиските и безбедносните сили, со терористички акции и со киднапирање.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он