Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе се одржи пладневна средба со поезијата на Мирјана Стојановска.
За нејзините најнови поетски книги „Џез во двокреветна соба“ и „Крст, триаголник и круг“, ќе зборуваат Весна Мојсова Чепишевска и Елена Пренџова, а стихови ќе чита Александра Велинова.
Мирјана Стојановска и припаѓа на средната генерација македонски поетеси и е автор на стихозбирките: „Хроносот на зборот“, „Двобој со тишината“, „Заѕидана врата“, „Крст, триаглник и круг“ , „Џез во двокреветна соба“ и „Оксиморонот на мојата пеперутка“. Објавува книжевна критика во литературните списанија: „Стожер“, „Синтези“ и „Раст“. Нејзина поезија е препеана на српски, англиски и романски јазик. Застапена е во изборот „Современа македонска поезија“ во рамките на проектот „Македонска книжевност во 135 тома“.
Координатор е на Клубот на писателките „Даница Ручигај“ при ДПМ и претседател на Здружението за наука и култура „НОВА“ од Битола.