Заев: Викендот ќе почне отворањето на кадровските решенија за министри и заменици

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска од Штип најави дека во текот на викендот ќе почнат да се предлагаат личностите кои ќе биле можни решенија за министри и заменици министри во новата техничка влада.

Тој нагласи дека СДСМ е целосно правно и формално подготвен за влез во институциите и нивно поставување, како што рече, на гарантори на претстојните предвремени избори.

– Кадровските решенија најверојатно овој викенд ќе почнеме да ги отвораме. Секако имаме плејада на наши кадри и гледаме да бидат луѓе кои пред се им е интересот на Република Македонија, каде што ќе можат да дадат придонес во овој политички тријар отворен во Македонија, како причина за разрешување на сите отворени проблеми во државата, а конечна цел добра иднина на нашата земја. Секако посебно внимание ќе посветиме на изборот на кадарот за избор на министер за внатрешни работи, се работи за наше целосно решение предлог на опозицијата. Но треба да биде професионалец, ескперт. Тоа значи дека некои од нашите први сопартијци докажани не можат да ја извршуваат оваа функција иако имаме плејада на кадри за оваа работа. Но, така е по договор и така ќе го испочитуваме, изјави Заев, по денешната посета на Штип.

Лидерот на СДСМ смета дека претставниците на работната група од ВМРО -ДПМНЕ за измените во Изборниот законик и за реформите во медиумите купуваат време и ги забикулуваат решенијата.

– Требаше ДИК да биде целосно реорганизиран, со комплетни надлежности и веќе да има отпочнато процес. Моравме да знаеме кој ќе биде начинот на ревидирање на изборачкиот список, моравме да ги знаеме промените во избирачкото законодавство, во медиумите. Алармирам и апелирам искуството од преговорите за специјалниот обвинител не доведоа до последен момент на одлучување, да не се случи ова и по другите точки. Да седнат внимателно политичарите и политичките партии, вклучително и ние социјалдемократите да ги дефинираме решенијата и да не купуваме време, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Барам итни оставки од министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, како и од директорот Стојанче Ангелов

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

(ВИДЕО) Тренчевска: Бараме од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот