Нови руски воздушни напади врз позициите на исламистички групи во Сирија

Од:

Руската авијација изврши денеска нова серија воздушни напади врз позициите на разните исламистички групи во Сирија, јавуваат од Дамаск западните медиуми.

Главна цел на денешните бомбардирања била исламистичката алијанса, позната како „Армија на освојувачите“ либанската Ал Мајаден.

Нападот е извршен во близината на стретшки важниот град Јиср ал Шугур, во северозападниот дел на Сирија, како и во делови од провинциите Идлиб и Хама, на југот од земјата.

Алијансата „Армија на освојувачите“ во изминатите месеци има направено напредок во сирискиот северо-запад, преземајќи го и Идлиб од владините сили.

Во оваа исламистичка алијанса, членуваат милитантните групи Ал Нусра Фронтот, што е филијала на Ал Каеда во Сирија, екстремистичката група Ахрар ал Шам, како и некои поумерени сунитски исламистички групации.

Сите тие војуваат против Исламска држава и во изминатите месеци влегуваат во меѓусебни жестоки судири на фронтот, но сите војуваат и против владините сили и нивните сојузници.

Во првиот напад на руската авијација, вчера попладен, според официјална Москва се извршени повеќе од 20 бомбардирања врз позиците на Исламска држава. САД меѓутоа тврдат дека се бомбардирани позициите на исламистичките групи кои се борат да го соборат од власт претседателот Башар ал Асад.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин