Песков: Русија нема да испрати војници регрути во Сирија

Од:

Русија нема да користи копнена војска во својата воена операција во Сирија, ситуацијата таму воопшто не влијае на параметрите на есенската регрутација на руската армија, истакна денеска Дмитриј Песков, прес-секретарот на рускиот претседател, пренесува ТАСС.

– Секако целата оваа ситуација, операцијата во Сирија, воопшто не влијае на регрутите, истакна претставникот на Кремљ.

Апсолутно никако, одговори Песков на новинарско прашање дали ситуацијата во Сирија влијаела на параметрите на есенската регрутација на руските вооружени сили, регулиран вчера со претседателски декрет.

– Тоа е редовен документ, што претседателот го потпишува два пати во годината, тој нема ништо заедничко со Сирија, нагласи прес секретарот на Кремљ.

Операцијата на руските вооружени сили во Сирија се финансира целосно од Русија, изрази уверување Песков, на прашањето дали во финансирањето на воената операција учествува и Дамаск.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин