Западот „оди кон амбис“ во врска со Сирија

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Уште еднаш Сирија е на насловните страници. Додека десетици илјади очајни Сиријци тргаат на опасниот пат кон Европа, политичарите на Запад се соочени со уште едни неочекувани последици од нивниот неуспех одлучно да стават крај на конфликтот кој досега одзема над 250,000 животи и расели уште 11 милиони души.

И покрај овој хаос, Русија тргна на својата втора офанзивна воена операција во странство за последниве 18 месеци. Во рок од три недели, Москва распореди барем 28 борбени ловци, 14 хеликоптери, дестици тенкови, противавионски ракетни системи и две илјади војници во северозападна Сирија.

Тврдењето на Русија дека нејзините сили целат само на Исламска држава, треба да се земе со голема доза на сомнеж. Јасно е дека е непријател на џихадистите, но познато е дека Москва ја гледа сета вооружена опозиција во Сирија како целосно исламистичка и опасност за меѓународната безбедност.

Додека Ал Каеда, ИД и други слични групации очигледно се консолидрираа како моќни играчи во Сирија, таквите сеопфатни задачи се очигледно лажни.

За баксуз, интервенцијата на Русија доаѓа во момент кога политиката на САД за Сирија падна на најниско можно ниво. Откако првата група „обучени и опремени“ бунтовници беа киданпирани, убиени и натерани да избегаат од Ал Каеда на крајот на јули, втората група и остави на Ал Каеда половина од возилата и 25 проценти од оружјето по влегувањето во земјата пред неколку дена.

Да се означи мисијата како целосна катастрофа ќе биде великодушна оцена.

Во меѓувреме, САД и европските партнери остануваат опасно исклучени од реалноста во Сирија. Заканата од ИД стана удобна опсесија, додека покомплексната динамика во остатокот од земјата излезе дека е се освен игнорирана и погрешно разбрана.

Оваа изолација е најочигледна во неодамнешните изјави во кои САД и европските политичари навестуваат дека можеби повеќе да не го гледаат итното заминување на Башар ал Асад како интегрален дел од решението за сириската криза.

Иако ова не мора да изгледа нелогично за обичниот набљудувач, со тоа се игнорира фактот дека повеќе од 100.000 Сиријци кои во моментов се борат против режимот на Асад, се заколнаа дека ќе го прават тоа се додека тој не биде сменет од власта.

И покрај неодамнешните геополитички махинации, излегува дека е заборавена една проста реалност, или пак е со цел игнорирана: Асад не е и не треба да биде гледан како подобра алтернатива за ИД. Од првите денови на револуцијата, Асад и неговиот разузнавачки апаратус постојано го потпомагаа подемот на џихадистите. Политиката за помагање и зажмирување пред џихадистичките милитанти и нивна манипулација заради политичките интереси на Дамаск, е добро воспоставена пракса на семејството Асад, која датира уште од 90-ите години.

Со ослободувањето на дузина затворенци на Ал Каеда во средината на 2011 година, Асад помогна во раѓањето на просперитетна исламистичка револуција, вклучувајќи ги и групациите поврзани со Ал Каеда. Со тогашната намерна политика за прифаќање на не целење на ИД, Асад директно учествуваше во опоравување на организацијата и нејзината експлозија во движењето трансационален „калифат“, за кое денес се претставува.

Во меѓувреме, режимот на Асад постојано води политика на ненамерни масовни убиства на цивили – прво со воздушни напади и балистички ракети, потоа со барел бомби и општо осудената употреба на хемиско оружје.

Башар Ал Асад ја професионализираше и индустријализираше употребата на притвор и тортура за „прочистивање“ на неговиот народ, додека изведува десетици во средновековен стил опсади врз кревкото население. Тој постојано ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН, и според некои извори е одговорен за 95 проценти од сите 110,000 убиени цивили од 2011 до денес.

ИД останува потентна сила во Сирија на која треба да се смета, но нема да вмаршира во Дамаск во догледно време, наспроти некои неинформирани кои шират страв. Ал Каеда исто претставува и притисок и подолгорочна закана, можеби и повеќе отколку што се мисли. Но на крајот, коренитиот проблем на целата сириска криза е Асад и неговиот режим.

Како неизбежен предизвик останува моралната и политичката одговорност на меѓународната заедница да најде решение за Сирија, кое ќе обезбеди најдобра шанса за одржлив мир. Ова значи сериозно ангажирање со сите сиријци од сите бои, меѓу кои и вооружената опозиција и вклучување на нивните ставови во потенцијалното решение.

Наспроти народното мислење, вооружената сириска опозиција не е поделена, а всушност изминатата година помина многу време фокусирана на развојот на јасни и унифицирани политички визии. Сите овие групации се составени и предводени од сиријци и се експлицитно ограничени на своите цели во рамките на сириските национални граници – за разлика од ИД и дузина други фракции поврзани со Ал Каеда.

Просто кажано, се работи за јадро од околу сто фракции. И покрај заканата да бидат исклучени од одлучувањето за иднината на нивната земја, десетина најмоќни од овие вооружени групации сега преговараат за воспоставување на единствен „политички кабинет“.

Западните влади ја игнорираат вооружената опозиција, а тоа е огромна опасност за нас.

Доека ги прифаќаат руските и иранските барања за преживвање на Асад и де факто потенцијалната поделба на земјата можеби изгледа како остварлива цел, ова само ќе го продолжи и интензивира конфликтот и скоро со сигурност ќе распали мобилизација на џихадистите каква што светот досега не видел.

Големо мнозинство бегалци кои сега влегуваат во Европа, бегаат од убиствената машина на Асад, а не од ИД или Ал Каеда. Уште од кога сиријците излегоа на улиците во март 2011 година, одговорот на западот беше и немоќен и необврзувачки, но на светот сега му треба вистинско водство. За несреќа, изгледа дека нашите лидери чекорат кон амбисот со затворени очи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети