Во периодот од 08,00 часот на 30.09.2015 до 01.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.970странски државјани, од кои, 1.273 се од машки пол, 216се од женски, 310 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 171 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.092, од Авганистан 657, Ирак 125, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 01.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 108.888 странски државјани, од кои, 72.171се од машки пол, 14.525 се од женски, 18.335 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.857 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 81.307, потоа Авганистан 12.482, од Ирак 7.195, Пакистан 2.853, Палестина 1.162, Иран 683, Сомалија 670, Бангладеж 657, Конго 371,Нигерија 223, Камерун 178, Еритреја 163, Етиопија 126, Судан 118, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 08,00 часот на 30.09.2015 до 01.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 01.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Притоа, 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 30.09.2015 година, стои во соопштението, евидентирани се тројца баратели на азил, сите мажи од кои еден повреден. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две малолетни лица без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.