Лавров: Сиријците треба да ја одредат судбината на Асад

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва инсистира на тоа дека судбината на сирискиот претседател Башар ал Асад треба да биде одредена од сирискиот народ.

– Нашиот став е јасен – ние не бараме промена на режимот, ниту расправаме за судбината на легитимниот претседател на една суверена земја. Граѓаните на таа земја треба да ја одредат судбината на својот претседател. За тоа денеска исто така разговаравме, рече Лавров по состанокот со американскиот државен секретар Џон Кери во Њујорк.

Лавров нагласи дека најважно е да се обезбеди сите политичките сили, кои се на власти и во опозиција да се согласат околу суштинските работи за земјата.

– Потоа е можно да се разговара за персоналните прашања во многу порелаксирана атмосфера, наведе Лавров.

Тој рече дека Русија и САД се согласуваат околу целите за решавање на сирискиот конфликт, но не се согласуваат по прашањето за начинот на кој тие треба да се постигнат

– Сите сакаме Сирија да биде демократска, обединета, секуларна држава, која ќе биде дом за сите етнички групи, чии права ќе бидат загарантирани, но меѓу нас постојат некои разлики како тоа да се постигне, додаде рускиот министер.

Лавров исто така напомена дека Кери не присустувал на состанокот на шефовите на дипломатиите на Русија и Сирија, одржан на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

Кери по состанокот со Лавров најави дека американската и руската војска можеби уште денеска ќе одржат состанок за тоа како да се избегнат случајни конфликти при одвоени воздушни напади во Сирија.

– Се согласивме дека е императив што е можно поскоро, а можеби и веќе денеска да одржиме разговори меѓу претставниците на нашите војски за избегнување на конфликти, рече Кери на заедничкото обраќање пред новинарите со Лавров во Њујорк.

Кери истакна дека и покрај загриженоста на Вашингтон во врска со поддршката на Русија на Асад и рускиот избор на цели во текот на нивната воздушна кампања во Сирија, Лавров и тој ги унапредиле идеите за забрзување на политичкиот процес во земјата.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин