Авганистанските сили ја вратија контролата врз главните региони на Кундуз

Од:

Авганистанските владини сили ја презедоа од талибанците контролата врз главните региони на северниот град Кундуз во голема офанзива во раните утрински часови,  изјавија претставници на авганистанските власти, јави БТА.

Засега нема детали за операцијата и за тоа кои точно региони се вратени под контрола на владините сили.

– Авганистанските сили за безбедност им ја зедоа на талибанците контролата врз Кундуз синоќа по тешките борби, изјави Хамдула Даниши, гувернер на Кундуз.

– Откако добивме поддршка и почнавме голема операција во Кундуз, талибанците не можеа да издржат и избегаа. Наскоро ќе дадеме целосна информација, додаде тој.

– Повторно е преземен и се расчистува од терористи, непријателот претрпе тешки загуби, објави на Твитер портпаролот на авганистанскиот министер за внатрешни работи Седик Седики.

Талибанците го зазедоа Кундуз во понеделникот, што беше првиот провинциски главен град, кој паднал под контрола на бунтовниците, откако беа протерани од власт во 2001 година.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан