ДС: Сончев град на Водно, промашен проект

Од:

Вечерва во Сопиште Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, имаше средба со членовите и симпатизери на ДС, на која во своето обраќање нагласи: „ Живееме во време на сериозни предизвици и од сите нас зависи дали во државата ќе се воспостават принципите на одговорно однесување, владеење на правото и законите да важат за сите“.

Само со системски промени и јакнење на контролните механизми, можно е да се почитуваат правилата и сите оние кој ја злоупотребуваат власта да понесат одговорност, а криминално стекнатиот имот да се конфискува и да се врати на граѓаните.

Трајанов очекува да се прифати иницијативата на ДС, Македонија да биде една изборна единица, со што ќе се обезбеди основа, политичката определба на граѓаните да биде пресликана и во Парламентот.

На средбата граѓаните отворија и бројни прашања, меѓу кои и потребата од изградба на водовод, реконструкција на патот кој е во катастрофална состојба, изградба на спортска сала, детска градинка и сл.

Граѓаните изразија негодување за трошењето на неколку милиони евра за „Сончевиот град на Водно“ за кој нема економска оправданост, а се нанесоа огромни штети на Водно од еколошки аспект.

На средбата беа дадени и голем број на иницијативи за потребата од изградба на производствени капацитети, кои не ја загрозуваат животната средина, посочувајќи дека невработеноста и сиромаштијата се едни од најкрупните проблеми со кои се соочуваат граѓаните од оваа општина.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски