Шефот на саудиската дипломатија Абдел ибн Ахмед ал Џубеир, рече дека има варијанта за воено решение во Сирија, што ќе доведе до соборување на претседателот Башар Асад, ако тој не може да биде отстранет преку дипломатско решение.
Ал Џубеир рече дека воена варијанта би била подолга и поразурнувачка, но изборот е целосно на Асад, од него зависи дали ќе прифати политичко уредување на конфликтот, што беше договорено во 2012 година во Женева.
Договорот предвидуваше Асад да ја предаде власта на преодна влада.
Саудискиот министер не даде одговор на прашањето што би направиле западните и арапските опоненти на режимот на Асад, за да се спротивстават на засилено руско присуство во Сирија.