На сцената на Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава „Шехерезада“, работена на музика на Николај Римски Корсаков, по кореографија на Михаил Крапивин од Русија.
Во насловната улога ќе настапи Ивана Коцевска, а во останатите главни улоги: Дојчин Дочев од Бугарија, Драган Кочоски и Киро Павлов.
Ќе настапи комплетниот балетски ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет, под водство на диригентот од Белград Ѓорѓе Павловиќ.
Во петок балетот „Шехерезада“ ќе биде изведен и во Битола, на отворањето на меѓународниот фестивал „Интерфест“.