Токио предложи пет нови спортови за ОИ 2020

Од:

Организаторите на Олимписките игри во Токио предложија олимписката понуда во 2020 година да биде збогатена со пет нови спортови.

На Олимпијадата во Јапонија постои можност да бидат вклучени бејзбол/софтбол, карате, скејтбординг, спортско качување и сурфање.

Препорака на организаторите на Игрите во Токио за прием на новите спортови ќе биде претставена пред Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) кој конечната одлука ќе ја донесе во Рио де Жанеиро во август идната година.

Според правилата на МОК градот домаќин на Игрите има право да предложи проширување на олимписката палета, за еден или повеќе спортови, но конечната одлука останува на организаторот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он