Општина Карпош: СДСМ се заплетка во лагите

Од:

Најголемите лажговци на политичката сцена во Македонија, Социјалдемократскиот сојуз предводени од Бранко Црвенковски и Зоран Заев не престанаа да се занимаваат со кражби, велат од Општина Карпош.

Овој пат, измислија кражба на зеленилото во Карпош. Наводно, Општината ќе им го украла зеленилото и дрвјата на граѓаните и тоа, ни помалку ни повеќе, преку урбанистички план?!

За волја на вистината, дел од Карпош 4 има урбанистички план усвоен на 13 07. 2012 година и потпишан од претседавачот на Советот на Карпош, член на СДСМ – Трифун Тртифуновски.

Овој план кој сега го критикуваат ги презеде истите решенија од оние што ги изгласал и потпишал СДСМ како мнозинство во 2012 година.

Значи ли ова дека самите се посипуваат со пепел, и потврдуваат дека тогаш тие на граѓаните им го краделе зеленилото?

На лагите на СДСМ граѓаните не им веруваат. Преку најновото фијаско на советничката група на СДСМ во Советот на Карпош, на денешната конференција за печат, самите си го признаа дебаклот и немоќта затоа што неможат да ги соберат потребните потписи од жителите на Карпош 4 и нивната „иницијатива“ паѓа во вода. Да ги потсетиме дека граѓаните на Карпош уште еднаш ги потсетија дека поддржуваат идеи и проекти, и дека веќе лесно препознаваат СДСМ-овски манипулации затскриени зад плаштот на граѓанството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи