Укината забраната за пиење на вода од Струшкиот водовод

Од:

Водата од градскиот водовод во Струга е исправна за пиење и забраната за користење ќе биде тргната денеска, информира директорот на Центарот за јавно здравје-Охрид Атанаско Михаилов.

Според него, петте последователни анализи на примероци од струшкиот водовод покажале отсуство на патогени материи и инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство денеска ќе донесе решение за прекин на забраната за пиење и готвење.

– По хлорирањето на водата во градскиот водовод во Струга петте последователни микробиолошки и физичко-хемиски анализи покажаа дека водата е исправна за пиење и готвење, изјави Михаилов.

Резервоарите во селските водоводи, што не се дезинфицираат, нагласи дека и понатаму претставуваат опасност за здравјето на луѓето и имаат забрана за користење.

– Онаму каде што редовно се хлорира водата е исправна за пиење и готвење, но во резервоарите каде што не се става хлор водата е забранета за користење, рече Михаилов.

Анализата на водата од градскиот водовод во Струга направена пред десеттина дена покажале недостаток на хлор и присуство на колиформни бактерии, како ешерихија коли, по што надлежниот инспекторат донесе забрана за нејзина употреба.

Би можело да ве интересира

Само една плажа на струшкото крајбрежје има обучени и лиценцирани спасители

Починато бебе однесено во струшката болница

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Дете почина во болницата во Струга

А1он