Украинска новинарка до екипата на „Парада“: Би требало да ве стрелаат

Од:

Екипата на филмот „Парада“ неодамна доживеа непријатност на проекцијата во украинскиот град Одеса, изјавил за спрски Блиц, режисерот Срџан Драгојевиќ.

Филмот се занимава со ЛГБТ популацијата, што, како што вели Драгојевиќ, не и се допаднало на една новинарка.

„На Фестивалот во Одеса имавме интересно искуство. Имено по филмската проекција, во текот на конференцијата, една постара новинарка стана и започна да вика на нас, дека сите треба да не стрелаат поради пораката на филмот. Поголемиот дел од новинарите остро реагираа на овој испад, па госпоѓата ја испратија надвор, иако ние инсистиравме да остане“, објаснува Срџан Драгојевиќ.

„Парада“ инаку започна да се прикажува во Русија во моментот кога Мадона е пред рускиот суд поради пропагирање на геј браковите, а членовите на панк бендот Пуси Риот служат казна.

„Не бев на проекцијата на филмот во Москва, така што не ја знам реакцијата на тамошната публика. Во тие краеви на светот, ситуацијата е изненадувачки неповолна по ЛГБТ малцинството“, вели режисерот.

Во Русија хомосексуалноста е сметана за кривично дело до 1993-та година, а до 1999-та за ментална болест. Неодамна е усвоен закон со кој се забранува геј парадата во Москва во наредните 100 години.

„Не гледам дека тој нов закон, кој го донел рускиот парламент, кој вели дека секое пропагирање на хомосексуалноста е кривично дело, може да ја загрози дистрибуцијата, поради тоа што „Парада“ не пропагира хомосексуалност, туку љубов и толеранција. А против тоа рускиот парламент уште не донел закон“, вели Драгојевиќ.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ