„А каде е револуцијата стоко?“ го затвора 40. МОТ

Од:

Со претставите „Електра“ на МНТ и „А каде е револуцијата, стоко“ на загрепскиот „Монтажстрој“ вечерва се затвора четириесеттото издание на фестивалот „Млад отворен театар“

Претставата „Електра“ во режија на украинскиот режисер Андри Жолдак истражува колку длабоко е скриена суровоста во човекот, односно во неговата потсвест (која не постои или е заспана) и во еден момент од минатото (на земјата, семејството, човекот) таа наеднаш излегува и станува сила што го контролира. Во неа, како што потенцира Жолдак, се поставува прашањето колку длабоко се крие суровоста во човекот – еден или повеќе километри. И зошто луѓето се погруби и понасилни од животните и растенијата во одредени ситуации? „Електра“ ќе се изведе вечерва во 19 часот на сцената на МНТ.

Во 21 часот на сцената на МКЦ ќе се изведе претставата „А каде е револуцијата, стоко“ на театарската група „Монтажстрој“ од Загреб. Станува збор за политичка, документарна и мултимедијална претстава, која поставува некои од пожешките прашања на сеопфатните општествени промени на современиот свет. Во неа драмскиот текст не се изговара, туку се пее. Пет изведувачи на сцената го креваат гласот против неправдите во општеството во кое живееме додека нивната изведба во живо е следена од видеоснимка на големо платно за проекција.

Би можело да ве интересира

Вечерва „Хинкеман“ на независниот театар Златен Елец го отвара 49. МОТ

А1он

Заврши 46-то издание на Млад отворен театар

Ана Ололовска

Три претстави денеска на МОТ

Претставата „Модиљани“ вечер во МКЦ

Ана Ололовска

„Дневна доза мазохизам“ вечер во МКЦ

Ана Ололовска

МКЦ ги откажува сите настани и претстави од МОТ до петок

А1он