Руската делегација ја напушти салата на ГС на ОН за време на обраќањето на Порошенко

Од:

Руската делегација ја напушти салата на Генералното собрание на Обединетите нации за време на обраќањето на украинскиот претседател Петро Порошенко на самитот за одржлив развој, изјави висок руски дипломат, јави ТАСС.

– Ја напуштаме салата во знак на протест против отворено политизираниот и агресивниот говор, кој воопшто не одговараше на темата на средбата, рече дипломатот.

Порошенко во својот говор истакна дека Украина нема да ги исполни целите на ОН за одржлив развој се додека Русија не ја прекине воената агресија против земјата.

Порошенко изјави дека мирот и слободата се неопходни за постигнување на целите за одржлив развој во следните 15 години, но напомена дека руските дејствија и пречат на Украина да напредува на тој пат.

– Одржлив развој не се случува додека се слушаат експлозии и се убиваат цивили, додаде Порошенко.

Би можело да ве интересира

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени

Од Русија стигна соопштение: Наскоро ќе се потпише голем договор со Иран