Нова фасцинантна фотографија снимена со дигитална камера од 9 гигапиксели, забележа повеќе од 84 милиони ѕвезди во средишниот дел на Млечниот пат, што е десет пати повеќе отколку што е видено претходно.
Оваа фотографија е една од најголемите астрономски слики било кога снимени и овозможува неверојатен приказ на средишниот дел на нашата галаксија.
Кога оваа фотографија би се поставила на платно, нејзините димензии би биле 9×7 метри.