Сириската војска истрелала проектили врз последното упориште на бунтовниците во централниот град Хомс, при што се убиени 17 лица, од кои повеќето цивили, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.
Меѓу жртвите на синоќешниот напад има четири деца и четири жени.
Еднодневната спогодба за прекин на огнот во северозападна Сирија се почитува во голема мера, со исклучок на едното прекршување во текот на ноќта, нагласи монитринг групата со седиште во Лондон.
Бунтовниците исто така го гранатираа шиитското село Ал Фуа во знак на одмазда за нападите на владините сили на областа во близина на и во градот Хомс, обвинувајќи ги за прекршување на прекинот на огнот.