Петмина загинати во судири во Мјанмар

Од:

Во верските судири во Мјамнар, најмалку пет лица загинаа, а 80 се повредени. Тоа предизвика нов егзодус на муслиманите во логорите кои ги чуваат војската и полицијата.

„Најмалку петмина се убиени, а околу 80 се повредени во последните четири дена откако избија нередите на четири места“, изјави претставник на државата Ракин Мјо Тант.

Неколку куќи се утринава запалени, а војската сега и помага на полицијата да се спречат понатамошни немири, рече тој за АФП.

Напнатоста е голема, а на неколку места во државата, на границата со Бангладеш е воведен полициски час, а десетина илјади муслимани побарале спас во камповите организирани од власта.

Се проценува дека повеќе од илјада раселени дошле во Ситва, во изминатите денови и дека уште многу се на пат.

Во Мјанмар во последно време имаше неколку протести на будистите против малцинството Рохингја, кои немаат своја држава и живеат на границата на Мјанмар и Бангладеш.

Се проценува дека во Мјанмар живеат околу 800 илјади, додека во Бангладеш ги има околу 300 илјади и иако тоа е муслиманска земја, тие не се добродојдени ни таму.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени