Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во пар со Маријана Дражиќ од Хрватска ја освоија титулата на фјучрс турнирот во игра на двојки што во Бол се играше за награден фонд од 10.000 долари.
Македонско-хрватската двојка во финалето беа подобри од германско-холандската комбинација Јулија Важначик/Менди Вагермакер во два сета со 7:6 и 6:3.
По победата над првите носителки и новите поени, Ѓорческа, исто како и Дражиќ ќе напредува на ВТА листата во двојки.
На турнирот во поединечна конкуренција, македонската тенисерка претходно беше елиминирана во полуфиналето каде загуби од Наталија Вајдова од Словачка со 2-0 во сетови.