Ова никогаш не го виделе помладите од 30 години: Утре на небото не очекува спектакуларна појава!

Од:

Астрономите ги повикуваат луѓето кои гледаат во ѕвездите едноставно да го насочат погледот кон исток. Целосното помрачување на Месечината заедно со т.н. супермесечина е спектакл, кој се очекува утре вечер или рано изутрина в понеделник, во зависност од тоа каде се наоѓате на планетата.

Тоа е комбинација, која не е видена од 1982 година и нема да се повтори до 2033 година, соопшти американската вселенска агенција НАСА.

Т.н. супермесечина се случува кога полната Месечина или младата Месечина се наоѓаат најблиску до Земјата. Иако тоа и натаму е оддалеченост од околу 350 илјади километри, Месечината ќе изгледа поголема и посјајна од вообичаено.

Целосно помрачување на Месечината ќе трае повеќе од еден час и ќе биде видливо, доколку дозволат временските прилики, од Северна и Јужна Америка, Европа, Африка и западна Азија.

Во Европа Месечината, Земјата и Сонцето ќе се наредат еден зад друг некаде пред зората в понеделник од 4:11 до 5:32 часот по централноевропско време.

Месечината не произведува сопствена светлина, туку ја добива од Сонцето. Рано наутро в понеделеник Месечината ќе биде во совршена рамна линија со Сонцето и Земјата.

– Ќе имаме целосно помрачување, бидејќи целата Месечина ќе биде прекриена со сенката на Земјата, изјави Паскал Декам, астроном од Париската опсерваторија.

Пред очите на набљудувачите Месечината ќе исчезне, бодејќи на неа нема да паѓаат сончевите зраци и повторно ќе се појави обоена во црвено, поради што се вика и „Црвена Месечина“.

– Месечината во понеделник ќе биде најблиску до Земјата и ќе изгледа особено сјајна и голема на небото, ќе изгледа 14 отсто поголема и 30 отсто посјајна, изјави Сам Линдси од Лондонското кралско друштво на астрономи.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ