(ВИДЕО) Татко на загинато девојче до Коце Трајановски: Ако сте човек, ќе не повикате на разговор

Од:

Васко Радески, таткото на осумгодишната Ема Радеска, која загина во мај годинава на пешачки премин во населбата Ново лисиче, апелира до градоначалниците на скопските општини и до градскиот татко, Коце Трајановски, да им посветат минута време на родителите кои ги изгубија своите блиски на улиците во Скопје.

-Ги поздравувам градоначалниците на Град Скопје, на Аеродром, Ѓорче Петров, Центар, Карпош и Гази Баба. Пазете на децата и внимавајте на пешаците. Човечкиот живот не е повратлив, не може да се врати. Ќеркичката моја се враќаше од школо и загина на пешачки премин. Веќе ја нема. Чија заслуга е тоа… Ако саката болката моја да ја споделите со нас, родителите што изгубивме луѓе во градот дојдете да седнеме да разговараме и да ви дадеме предлози. Се обидував на повеќе начини да стапам во контакт со вас, особено со градоначалникот на Аеродром каде живеам – изјави таткото на денешниот граѓански протест под девизата „Коце врати ни ги улиците“.

Ема Радеска беше прегазена на 8-ми мај годинава, а почина два дена подоцна. Еден месец подоцна, вели таткото, навршуваше школската година и Ема требаше да заврши четврто одделение. Од Министерството за образование одбиле на семејството да му издадат сведетелство за завршена година.

-Во училиштето „Димитар Македонски“ каде учеше, ми велат не ви следува сведетлство за завршено четврто одделение. Ова е невидено нешто. До Министерството за образование: како може моето девојче да нема сведетелство. Одговорот од МОН е дека не полагало екстерен испит што се воведе од оваа година. Ова го нема во ниеден нормален свет. Господине Коце да стапие во контакт со нас родителите кои изгубивме по еден човек. Најдете време, минута две, нема повеќе од тоа да ви одземеме време, ако сте човек ќе сфатите – порача Радески.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош