Рохани: Иран не е во сојуз со Русија против „Исламска држава”, односите со САД се подобруваат

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Техеран нема склучено коалиција со Русија за борба против екстремистите од „Исламска држава” на Блискиот Исток и дека односите меѓу Иран и САД се подобруваат, иако „се уште има да се оди долг пат” .

Спореда Рохани, рускиот претседател Владимир Путин му рекол дека Москва сака да игра поактивна улога во борбата против екстремистичката група во регионот.

Иранскиот претседател истакна и дека има подобрување во односите меѓу Техеран и Вашингтон.

– Ситуацијата секако се промени, рече Рохани.

– Можеме да посочиме конкретни подобрувања, направени се многу чекори, но се уште има да се оди долг пат, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

ВИДЕО: Откажани се летовите од аеродромите во Иран

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ