Охридските риболовци: Продолжува агонијата на Каналот Студенчишта

Од:

Охридскиоте риболовци велат дека продолжува агонијата на Каналот Студенчишта во Охрид, каде се мрести охридската риба плашица.Од таму велат дека надлежните институции под итно да преземат мерки и да ја откријат вистинската причина за цветање на алгите во овој период во само еден дел каналот Студенчишта во Охрид.

„Бараме да се откријат причините за оваа појава која за прв пат се случува во каналот и веднаш да се реагира, затоа што оваа не е природна појава и е како рак на езерото.

– Исто како и кај човечкиот организам, ако ракот на време не се открие и веднаш не се отстрани односно навремено не се интервенира, потоа сите интервенции се задоцнети и непотребни“, вели Радован Димитриевски претседател на СРК Свети Апостол Петар од Охрид.

Димитриевски дели дека една деценија ги предупредувале надлежните институции кои останале глуви на сите нивни барања и укажувања за навреме да се преземат мерки и да се спречат негативни последици врз целокупната флора и фауна во каналот Студенчишта, а кои може да ги предизивика преголемата урбанизација на овој потег.

„Ние сме единствени во светот кои во заштитено подрачје од Унеско уништиме еден зимовник за повеќе видови риби кој опстојувал со милиони години.

– За жал нашите укажувања беа точни, а надлежните беа глуви , иако институциите не навредуваа и не прогласувааа како прости рибари кои не сме биле едуцирани и компетентни да зборуваме и предупредуваме за еколошки проблеми и неприродни појави.

– Почитувани експерти вие сте единствени во светот кои не презодовте ништо и дозволивте за да не се уништи зимовникот кој е на само педесетина метри од институтот и веќе рибата не влегува или влегува само еден процент за разлика од пред неколку години на зимување“, вели Димитриевски.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

МВР уапси странец кој крадел во ресторан во Охрид

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд

Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов