Не му верувајте на Путин за Сирија

Од:

Њујорк тајмс – Њујорк

Сирија е разнебитена. Војната која продложува повеќе од четири години ја остави земјата во урнатитни. Нескротливата Исламска држава (ИД) контролира големи региони на север и на исток, а варварскот режим на претседателот Башар ал Асад продолжува да ја чува своето утврдување, Дамаск.

Западнте сили – САД и Европа – не располагаат со добри можности да се изборат со ИД, но не треба да стојат ниту настрана со скрстеи раце. Или треба да работат со режимот на Асад во битката против џихадистите или да го занемарат неговото постоење и самите да започнат воени операции за нивино протерување. Засега водената од САД воздушна операција против ИД наравила малку за да се сопрат нејзините дејствувања.

На 14 септмври, Путин соопшти дека Русија доставува воена помош за Дамаск против ИД – поддршка која на крајот беше зголемена. Тој исто испрати повик за „некакв вид на меѓународна коалиција за борба против тероризмот и екстремизмот“. Тоа е во согласност со политиката на Москва кон Сирија, која не променета од 2014 година: да биде блокирана секоја од Америка поддржана иицијатива за остранување на Асад од власт, и наместо тоа Западот да биде принуден да го прифати како партнер.

Русија беше изолирана од Западот заради нејзините дејствија во Украина, но сега се претставува како неизбежен спасител – крајно неопходен партнер во борбата на Западот против исламскиот екстремизам.

Ова сме го виделе и претходно. По нападите на 11 септември 2001 година, Путин беше првиот светски лидер кој му се јави на претседателот Џорџ Буш. Еден ден подоцна, Путин вети поддршка од Русија за од САД раководената коалиција против талибанците во Авганистан, повикувајќи и други да и се приклуачт на Русија во „борбата против меѓународниот тероризам“.

Исламскиот тероризам е тема блиска до срцето на Путин: на прво место, тоа му помогна да дојде на власт. Во тек на неколку недели во септември 1999 година, серија бомбашпки атентати разрушија четири станбени блокови во Москва и во два други руски градови. Загинаа скоро 300 души, а ститици беа повредени.

Исламски терористи од јужната руска република Чеченија беа обвинети за нападите. Со тој претекст, трауматизираното руско општество брзо се смири кога Москва ја започна втората војна во Чеченија. Неколку месеци по назначувањето на дотогаш скоро непознатиот премиер на Русија, Путин се издигна на претседателската позиција.

Но, тоа е официјалната верзија. Критичари посочуваат на докази дека бомбашките атентати во станбени згради биле изршени од руската Федерална служба за безбедбност (ФСБ), или барем за нејзино учество.

Помалку од една недела по четвриот атентат беше најдена петта бомба во влез на станбена зграда во уште еден руски град. Таа беше деактивирана, а атентаторите беа пронајдени и уапсени. Се покажа дека тоа не се чеченски терористи, туку членови на ФСБ. Путин, кој е порашенен раковидител на ФСС, ја негираше теоријата дека заговорот бил организиран од државата.

Соменжите дека Москва го поддржува тероризмот за сопствени цели, повторно се појавија. Во јули, Новаја газета, еден од малкуте останати независни руски весници, објави дека ФСС го контролира протокот на џихадисти од Северен Кавказ кон Сирија, каде мнозина се приклучуваат кон ИД. Истражувањето на весникот заклучува дека ФСС органзирале „зелен коридор“, дозволувајќи им на муслимански радикали да патуваат преку Турција, затоа што за Москва е подобро тие џихадисти да војуваат во Сирија, a ne во Русија.

До тука застануваме со раководењето на меѓународните усилби против тероризмот. Но  сепак, истиот меец претседателот Барак Обама изјави дека е „се вратила надежта“ по телефонскиот разговор со Путин, во кои зборувале за Сирија и дека „тоа ни отвара можност за водење на сериозен разговор“. Но Обама не треба да биде во заблуда.

Главната замисла на Путин за Сирија – поддржана и од неговиот министер на дипломатијата, Сергеј Лавров – е јасна: западните и арапские држави кои влегуваат во антиисламската коалиција, да влезат во сојуз и со Асад заедно и со курдските и ирачките војски; Иран, Хезболах и Русија исто може да влезат во тој сојуз. Коалицијата ќе добие официјале мандат од Советот за безбедност на ОН, и тогаш ќе бидат победени џихадистичките бунтовници.

Потоа Русија ќе го врати Асад на масата за преговори и ќе го надзира политичкиот преод кој ќе го зачува неговиот режим. Путин планира за својот план да зборува пред Генералното собрание на ОН кон крајот на овој месец.

Со својата иницијатива за зближување на Русија со Западот против Исламска држава, Путин се надева да се рехабилитира, точно онака како што го стори тоа по 11 септември. Тогаш Путин го убеди Западот дека заканата пред која се САД исправени во Авганистан и на други места, е истата како и заканата која се испречува пред Русија во Чеченија. На тој начин, претседателот на Русија успеа да ги замолчи западните критики за руската жестока реакција во Чеченија.

Кремљ го смета за слабост ентузијазмот на Западот за соработка. Тоа го тера Путин да смета дека може да прави што сака во Русија, и тоа да му помине. Тој став се уште преовладува – но веќе не важи само за Русија.

Ако се дојде до ново доближување заради Сирија, Украина ќе биде заборавена, и тоа на Путин ќе му донесе премолчено признание за неговата анексија на Крим и за влијанието на Русија во Источна Украина.

Така Русија ќе триумфира над светскиот поредок наложен од Западот по крајот на Студената војна. Непријателите на Америка – од Кина до Иран, ќе го сметаат тоа за покана да ги предефинираат своите односи со Вашингтон.

Западот треба да ги обмисли сите варијанти за Сирија – вклучително и меѓународна коалиција со Русија против ИД. Но ако го избере тој курс, Западот треба да се сомнева дека може да има доверба во Путин, дека разузнавачките информации кои Русија ќе ги достави се веродостојни, или дека Кремљ може да помогне за договарање на дипломатско решение во Сирија, кое Западот и неговите арапски сојузницви ќе можат да го поддржат.

Грузија и Укарина покажуваат што се случува кога Западот не ја блокира насилничката дипломатија на Русија. Не треба да дозволиме Путин да ги диктира условите за соработка. Во спортивно, ќе бидат повторени грешките од минатото.

Ендрју Фоксил е директор на Центарот за проучување на Русија во Друштвото Хенри Џексон, меѓународна тинк-тенк организација.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија