Воената команда на САД и нивните сојузници разработуваат план за повлекување од Авганистан

Од:

Вооружените сили на САД и нивните сојузници, кои се под се поголем притисок од плановите на Белата куќа да се сведе на минимум американското воено присуство во Авганистан, разгледуваат нови начини, вклучувајќи ја и можноста американските војници да останат во земјата и по 2016 година, пишува весникот „Волстрит журнал“.

Командантот на силите на НАТО во Авганистан, генерал Џон Кембл испратил неколку различни предлози до Пентагон и НАТО, во кои ја изложил сопствената оценка за ризиците.

Тие вклучуваат задржување на бројноста на сегашниот американски контингент од десет илјади лица, намалување до осум илјади, намалување на контингентот за половина или задржување на сегашниот план, според кој до крајот на 2016 година треба да останат само неколку стотици лица, прецизира весникот, цитирајќи извори од командата на вооружените сили на САД.

Некои официјални лица стравуваат дека доколку силите на САД бидат премногу намалени, Владата во Кабул ќе потпадне под притисок на талибанците и другите екстремисти, додава весникот.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак