Петр Донгрес, директорот на Управата за безбедност и заштита на чешкиот претседател Милош Земан си заминува од функцијата.
По инцидентот, во кој активисти на „герилската“ уметничка група „Зтоховен“, на Претседателската резиденција во Прашкиот замок „Храдчани“, наместо чешкото знаме закачија огромни црвени гаќи, Донгрес изјави дека не чувствува одговорност, јави дописникот на МИА од Прага.
– Покрај господин Донгрес одговорност сноси и шефот на Државната гарда, рече Земан кој изјави дека оставката е по негова иницијатива, а најави и други разрешувања.
„Зтоховен“ во саботата го симна националното знаме на Чешка и наместо него на јарболот обеси црвени гаќи „за да го искаже ставот против мажот кој од ништо не се плаши“.