Хејг во посета на Приштина и Белград

Од:

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Вилијам Хејг допатува во Приштина каде што ќе има средби со официјалните лица на Косово. Потоа оди за Белград.

Хејг во Белград ќе разговара со претседателот на Србија, Томислав Николиќ и со премиерот Ивица Дачиќ, како и со потпретседателите на владата, Александар Вучиќ и Сузана Грубјешиќ.

Шефот на британската дипломатија доаѓа во Белград во рамките на посетата на регионот, за да ги охрабри лидерите на Србија во работата на нормализацијата на односите со Косово и исполнувањето на критериумите за приближување кон Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски