Рекорден број од 10.046 мигранти влегле вчера во Унгарија, главно од Хрватска, соопшти унгарската полиција.
Претходниот рекорд беше 9.380 новопристигнати, регистрирани на 14 септември, ноќта пред затворањето на границата со Србија, од каде минуваа повеќето мигранти.
Од овие 10.046 лица, кои се регистрирани вчера, 9.939 пристигнале од Хрватска, од каде девет дена минува речиси целиот мигрантски бран преку Балканот.
По пристигнувањето на хрватско-унгарската граница, поголемиот дел од мигрантите директно се транспортираат од унгарските власти кон австриската граница и продолжуваат на пат кон Германија.