Издадени нови потврди за 2.084 странски државјани и едно барање за признавање право на азил

Од:

За 24 часа МВР има издадено потврди на вкупно 2.084 странски државјани, од кои 1.396  се од машки пол, 231 се од женски, 372 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 85 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.013, Авганистан 631,  од Ирак 334, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни годинава до денеска во 08 часот, издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил на вкупно 94.842 странски државјани, од кои 63.128 се од машки пол, 12.839 се од женски, 15.832 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.043 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, стои во соопштението, најбројни се државјаните на Сирија 73.497, потоа од Авганистан 8.647, Ирак 5.580, Пакистан 2.611, од Палестина 1.041, Сомалија 628, Бангладеж 602, Иран 478, Конго 368, Нигерија 221, од Камерун 169, Еритреја 163Етиопија 126, Судан 111, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08 часот на 23.09.2015 до 24.09.2015 година во 08 часот до Одделението  за азил  поднесено е едно  барање  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил на еден државјанин на Сирија.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението  за азил се поднесени 50 барања  за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за вчера се евидентирани пет баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две малолетни лица без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

МВР на поклон доби 23 мотоцикли „Piggio“ и комплетна опрема за возачите

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!