Потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс предупреди денеска дека доколку не се најде адекватен одговор за мигрантската криза во Европа, ќе има подем на десничарскиот екстремизам на континентот.
Тој додаде дека е потребна неопходна подобра заштита на границите на ЕУ поради стотиците илјади мигранти кои бегаат од војни и сиромаштија на Блискиот исток, Азија и Африка.
– Мора да обезбедиме државите во кои пристигнуваат тие луѓе да бидат подобро подготвени, да обезбедат луѓето да се регистрираат и оние кои немаат право на азил да бидат вратени, изјави Тимерманс за радио Би-Би-Си.
– Ако не бидеме во состојба да се справиме со тие прашања…ќе има подем на екстремната десница ширум европскиот континент, изјави тој.