Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд заеднички ќе му се обратат на Европскиот парламент на 7 октомври во Стразбур, јавува дописникот на МИА од Париз.
Нивниот заеднички настап на пленарната сесија, ја најави претседателот на ЕП Мартин Шулц.
„Тоа е историска посета во еден историски тежок период“, оцени Мартин Шулц во соопштението за јавноста, во момент кога земјите членки на ЕУ се длабоко поделени околу заедничката позиција наспроти тешката мигрантска криза со која се соочува континентот по втората светска војна.