Најмалку едно лице загина и тројца се прогласени за исчезнати по силна експлозија, која погоди една фабрика за муниција во чешкиот град Влашим, на 60 километри од престолнината Прага, изјави прес-секретарот на пожарната на централна Чешка Ладислав Голомчик, јави ТАСС.
Претходно, Голомчик соопшти дека експлозијата се случила во 12.45 и по неа не избувнал пожар.
Реонот на Влашим, каде што избувнала експлозијата, е прогласен за „зона со зголемена опасност“ и е изолиран од полицијата. На местото пристигнале спасувачи и пожарникари, но тие не можат да влезат на територијата на фабриката поради опасноста експлозијата да се повтори.
Фабриката во градот Влашим е специјализирана за производство на патрони за спортско и ловечко оружје.