(ВИДЕО) СДСМ: Дали градоначалникот на Гази Баба дозволил вработување со фалсификат диплома?

Од:

„Во изминатиов период општина Гази Баба ја тресе скандал поврзан со информации пласирани во електронските медиуми за фалсификување на дипломата на господинот Благој Кчев – (референт во одделение за комунални работи), кој замислете успеал за само една година најпрво да магистрира, а потоа да дипломира.

Периодов од кога се пласирани тие информации не постои никаков демант од страна на Градоначалникот за настанатата ситуација што ни дава за право да веруваме дека станува збор за целосна вистина“, рече на денешната прес конференција Дарио Николовски, советник и координатор на советничката група на СДСМ од Општина Гази Баба.

„Како Советничка група на СДСМ Гази Баба го прашуваме Градоначалникот Тони Трајковски дали се вистинити наодите изнесени во јавноста?

Дали како резултат на стекнатите образовни квалификации, господинот Кчев се стекнал со повисоки позиции во општинската хиерархија и противзаконски се стекнал со повисоки месечни примања врз грбот на граѓаните?

Дали доколку се докаже дека информациите се вистинити, градоначалникот Трајковски кој веќе 6 и пол години не презема ништо за подобрување на условите за живот на граѓаните, ќе понесе одговорност.

Граѓаните на Гази Баба имаат право да ја знаат вистината“, изјави Дарио Николовски.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања