ЛДП: Дали скандалот „шише со пари“ е номиниран заедно со Керим за Генерален секретар на ОН

Од:

„Владата во заминување на Никола Груевски и во изброените денови се обидува да и наштети на државата, на и на онака кревката меѓународна репутација, номинирајќи го Срѓан Керим за позицијата Генерален секретар на ООН.

За ЛДП е лицемерно што Груевски се занимава со тривијални работи, отворање на чешми и канализации, а не се обиде да го расчисти скандалот со 750 илјади евра во шише пронајдени кај шоферот на Срѓан Керим. Токму затоа сметаме дека кандидатот на Груевски е несоодветен по многу основи.

Точно дека номинацијата на Македонец за Генерален секретар на ООН е историска шанса за Р.Македонија и треба да биде признание за нашата дипломатија во светски рамки, но не со личности кои се поврзуваат со сомнежи за криминал.

Скандалот со „пари во шише“ е потврда за селективната правда која Никола Груевски и ВМРО – ДПМНЕ ја применуваа во изминатите девет години. Тоа што УЈП и Горан Трајковски не открија „ништо спорно“ и незаконско во оваа афера која се поврзува со Керим, туку се обидоа и да го релативизираат криминалот, не значи дека е сосема нормално да се најдат 750 илјади евра скриени во шише и тоа на пат од Македонија кон Европската унија.

Дотолку повеќе што скандалот “пари во шише и МПМ“ не го открија медиуми или опозицијата, туку државни институции во Унгарија. Унгарската царина пронајде 750 илјади евра, скриени во пластично шише во возилото на шоферот на Срѓан Керим и унгарската царина, со писмен допис, ги известила надлежните македонски институции да покренат постапка и да го расчистат случајот.

Оттука, ЛДП смета дека влада која се изживува со сопствениот народ, која ужива во криминалот и пљачкосувањето на граѓаните, влада која прикрива криминали и дели селективна правда, нема кредибилитет и легитимитет да предлага и номинира по своја лична желба кандидат за престижната функција Генарален секретар на ООН.

Ако шишето со пари може да стои затворено, овој мега скандал веќе не трпи ниту ден да биде скриен во нечија фиока“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Владината коалиција е стабилна и цврста, дали ЛДП би биле дел од владината коалиција се уште не е разговарано, вели Мицкоски

ЛДП: Пломбирање на Зоолошката градина додека не се реши градскиот хаос

Горан Наумовски

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

(ВИДЕО) Носеше ли Гаши патен налог кога со службено возило отиде по невеста во Косово прашува ЛДП

Катерина Ѓуровски

ЛДП: Одговорност за скандалите во Зоолошката градина

Горан Наумовски

ЛДП: Во кое својство реагирало обезбедувањето на собранискиот спикер при проверката на косовската претседателка Османи?

Горан Наумовски