Фотографии на италијанската пратеничка во Европскиот парламент во Стразбур Лиција Ронзули додека работи и дискутира и го држи детето до себе, прв пат го обиколија светот во септември 2010 година.
Исклучително тивкото девојче сега има две години и веќе е “вклучено” во парламентот, гласа со кревање раце заедно со својата мајка.
Додека другите деца играа со кукли и комуницираат со врсниците, Викторија еден ден ќе можат да се пофали дека имала сериозна сесија во Европскиот парламент.