А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Околу една третина од македонското население има алергија

by А1он20/09/2015 - 16:32160
Share0

Околу една третина од македонското населние има некаква форма на алерија, што е огромен проблем за нашето општество и за здравствениот систем, смета проф. д-р Дејан Докиќ од Универзитетската Клиника за пулмологија и алергологија.

Добивај вести на вибер

На првиот симпозиум на Македонското здружение за алергологија и клиничка имунологија што викендов се одржува во Струга, Докиќ, кој е и претседател на Здружението, нагласи дека во 21. век алергиите ги има се повеќе.

– Светската здравствена организација го прогласи 21-то столетие за столетие каде во епидемиолошки размери ќе царуваат алергиите. Најчести алергии се на носот, очите, алергиската астма, но да не ги заборавиме и проблеми со кожата, уртикарија, егзема, атописки дерматитис, алерија на храна, лекови, убод од инсекти…, истакна Докиќ.

Директорката на Клиниката за пулмологија и алергологија, Бисерка Јовковска-Ќаева истакна дека во овој период на Клиниката имаат најмногу работа со заболените од астма и алергии, што е и главна тема на симпозиумот.

– Астмата и алергиските заболување ги полнат нашите амбуланти секојденво, особено пролетниот и летниот период кога имаме огромна експанзиција со алергени. Клиниката за пулмологија и алергологија успешно ги лекува за што имаме и соодветни услови, најсовремена апаратуа и кадар, кој се носи со сите овие проблеми, рече Јовковска-Ќаева.

На Клиниката, според неа, најчесто се среќаваат со астма и алергискиот ринит, но правилната дијагноза и третмат значително го подобруваат квалитетот на живот на болните.

– Бројката на болни од ден на ден расте. Живееме во еден современ свет изложени на бројни алергени. Нивната правилна дијагностика многу значи и за болниот, но и за општеството, бидејќи симптомите на еден болен со астма не значи само проблем за него, туку е проблем за целото општество. Првилната дијагностика, но и правилниот третман значително го подобруваат квалитетот на живот со што тие болни не одат на доктори, не отсуствуваат од работа, училиште…, а се намалува и трошокот за лекувањето, рече Јовковска-Ќаева.

mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен