Јеменските шиитски бунтовници и официјални претставници на Јемен соопштија денеска на аеродромот на главниот град Сана, дека шест странски заложници се ослободени, откако беа држени во градот повеќе од пет месеци.
Меѓу заложниците имало тројца Американци, двајца Саудијци и еден Британец.
Сите шест заложници со авион пристигнаа во Оман, кој преговараше за нивно ослободување.
Најмалку еден од заложниците е новинар, за кого е кажано дека илегално влегол во земјата и работел без дозвола од властите.