АХВ ја забрани за употреба водата од изворот во црквата Калишта во Струга

Од:

Врз основа на добиените резултати од извршените лабораториски испитувања на безбедноста на водата за пиење во струшкиот регион, кои, Центарот за јавно здравје ги врши во рамки на Мониторинг програмата на безбедноста на водата за пиење, бидејќи не се исполните барањата од Правилникот за безбедност на водата за пиење, Агенцијата за храна и ветеринарство ја забрани за употреба водата од изворот во црквата Калишта во Струга.

Согласно дадената наредба од страна на инспекциските служби на Агенцијата, на изворот на вода во црквата Калишта поставени се информативни табли дека водата не е за употреба. Бидејќи не станува збор за јавен водоснабдителен објект, истите ќе останат поставени таму, а водата ќе биде забранета за пиење и за употреба, се додека не се потврди нејзината безбедност.

Инаку на Јавното претпријатие кое стопанисува во водоснабдителната мрежа во овој регион, Агенцијата му нареди итно хлорирање на водата од јавниот водоснабдителен систем. Од страна на јавното претпријатие веднаш е постапено по дадениот налог од Агенцијата и извршено е хлорирање на водата.

Агенцијата за храна и ветеринарство ја следи состојбата. Во текот на утрешниот ден повторно ќе бидат земени мостри за анализа, за да се потврди безбедноста на водата за пиење од јавниот водснабдителен систем.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга