Ојсин Мајли, деветгодишно момче од регионот Ватерфорд, на југоистокот на Ирска, нашол порака во шише, која е пуштена во Атланскиот Океан пред осум години.
Шарлин Далпе и Клаудија Жарно, од канадската метропола Монтреал го пуштиле шишето во водата за време на одморот во регионот на Квебек во јуни 2004 година, кога имале 12 години.
Момчето ја нашло пораката на брегот од неговото село Песиџ Ист, а пораката била напишана на француски јазик, со датум од 4-ти јуни 2004 година и презимињата на двете девојки, како и имејл, кој повеќе не е во функција.
„Дојдовме на идеја да ја пратиме ова порака откако ја гледавме емисијата за млади кои оставаа пораки во шишиња”, велат девојките што ја испратиле пораката.
Мајли вели дека шишето го нашол откако неколку дена во неговиот крај дувал силен ветар, а имало и големи бранови кои исфрлиле голем број предмети. А не разбрал ништо, затоа што пораката била напишана на француски, но го забележал датумот и мејлот.
„Појдов дома и мајка ми ми помогна да ја преведеме пораката”, вели Мајли.
Покрената е цела кампања, што овозможи сега 20-годишните девојки да стапат во контакт со Мајли по скајп.
Тој им ја покажал пораката пратена пред осум години, а девојките биле бескрајно изненадени што некој ја пронашол нивната порака, пуштена од другиот крај на океанот.