Литија по улиците во центарот на Скопје ќе се одржи денеска во пресрет на утрешниот празник на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица – заштитничката на градот Скопје.
Претходно, во 17 часот ќе се одржи вечерна богослужба во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје.
На празникот утрената богослужба ќе почне во 7:30 часот, а светата литургија во 9 часот.
Братството при храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, со благослов на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да учествуваат во торжественото прославување на празникот на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица – заштитничката на градот Скопје.