Бразилската полиција соопштила дека еден 41-годишен човек го шокирал своето семејство, кога се појавил на сопствениот погреб во градот Алагонис, североисточен Бразил.
Полицискиот инспектор Роберто Лима, изјавил дека Хозе Маркос Араухо го идентификувал телото на својот брат Жилберт.
Хозе Маркос го презел телото на својот брат и го префрлил во родната куќа кај нивната мајка, каде е одржано бдеење.
„Недоразбирање настана кога се рашири веста дека е убиен човек кој работи во перална за автомобили“, изјавила сопругата на Маркос, Ана Паула.
„Двајцата кои работеле во пералната многу си наликувале еден на друг“, изјавил Лима, додавајќи дека телото кое е донесено во мртовечницата е Сантос Гама и дека нема никакви податоци за него.
Неколку часа пред погребот, еден пријател на Жилберт го видел како шета по улица, му пришол и му кажал дека неговото семејство го оплакува.
„Тој отишол во родната куќа кај својата мајка, за на сите да им покаже дека е жив и здрав“, изјавил инспекторот Лима.
Кога се појавил на сопственото бдеење, некои луѓе се онесвестиле, а други се препашиле и избегале.
Марина Сантана мајката на Жилберт, била пресреќна кога го здогледала својот син за кого знаела дека е мртов.