Нерешено по првиот ден на полуфиналните Дејвис куп дуели

Од:

По првиот ден на полуфиналните дуели од Дејвис купот ниту една репрезентација нема предност бидејќи сите четири селекции добија по еден сингл меч.

Во Глазгов Велика Британија поведе во дуелот со Австралија откако Енди Мареј го победи Танаси Кокинакис со 3:0 во сетови. Резултатот го изедначи (1:1) Бернанрд Томиќ кој беше поуспешен од Даниел Еванс со 3:1 во сетови.

На дуелот во Брисел, Белгија поведе против Аргентина откако Давид Гофин го совлада Федерико Делбонис со 3:0 во сетови, а изедначи (1:1) Леандро Маер, кој беше подобар со 3:1 во сетови од Стив Дарцис.

На двата дуела денеска на програмата се мечевите во двојки.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров