Повеќето туристи кои заминуваат за Рим сакаат да ги видат Колосеумот и Ватикан, меѓутоа сите тие прават една голема грешка.
Имено, редот за влез во Колосеумот, а особено во Ватикан и Сикстинската капела може да биде многу голем и луѓето да чекаат по неколку часа. Затоа најпаметно е билетите да ги купите однапред преку Интернет.
Тоа ќе ве чини неколку евра повеќе, но секако ќе ви заштеди многу време, кое инаку би го поминале во чекање ред.
Кога на Интернет ќе резервирате билети, исто така одредете го и времето кога ќе ја посетите саканата атракција.
Купувањето билети преку Интернет е мошне едноставно и можете да бирате меѓу тура со водич и самостојна посета.