Силвио Берлускони доби забрана за влез во Украина

Од:

Украинската безбедносна служба добила указ потпишан од шефот на државата Петро Порошнко со кој на пораншниот италијански премиер Силвио Берлускони му се забранува влез во Украина, објави украинскиот весник „Апостроф“.

Според истиот извор, забраната кон Берускони е изречена поради неговата неодамнешна посета на полуостровот Крим, кого минатата година го анкерираше Русија.

– Во врска со италијанскиот државјанин Силвио Берлусокони на 14 септември беше донесена одлука со која му се забранува влез на територијата на Украина за период од три години, во интерес на безбедноста на државата, се наведува во документот.

Како што јави ТАСС, одлуката за прогласување на Берлускони за пресона нон грата во Украина уследи откако украинското јавно обвинителство нареди започнување истрага во врска со неговата посета на Крим.

Порошенко вчера поптиша указ со која на околу 400 лица им се збранува влез во Украина, затоа што се оценети како закана за украинската национална бебзедност.

На листата се најдои и 34 новинари и седуммина блогери од повеќе земји, меѓу кои и на тројца репортери од дописништвото на Би-Би-Си во Москва.

Во меѓу време, портпаролот на Порошенко, Свјатислав Цеголо денеска на својот налог на Твитер објави дека украинскиот претседател побарал од Советот за национална безбедност и одбрана од најновата листа на лица на кои им се забранува влез во Украина да бидат остранети имињата на тројцата новинари од дописништвото на Би-Би-Си во Москва.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале